Економија, финансии, бизнис

Контакт

КУРТИ ДОАЃА ВО ЧАИР: Улицата Втора македонска бригада ќе го носи името на косовскиот интелектуалец Адем Демачи

КУРТИ ДОАЃА ВО ЧАИР: Улицата Втора македонска бригада ќе го носи името на косовскиот интелектуалец Адем Демачи

Улицата Втора македонска бригада ќе стане Адем Демачи, на свеченоста  ќе присуствува косовскиот премиер Албин Курти. 

Во петок улицата Втора македонска бригада во Чаир ќе биде преименувана во Адем Демачи, според истакнат косовски борец и интелектуалец, кој бил апсен во поранешна Југославија за големоалбански сепаратизам. Дека целта на посетата на косовскиот премиер Курти е токму овој настан денеска потврди чаирскиот градоначалник, Висар Ганиу. 

„Албин Курти, премиерот на Косово, доаѓа во петок во 14.30 часот во општина Чаир. Причината е свеченото пуштање во употреба на улицата Адем Демачи и тој ќе остане близу еден час во нашата општина, а целата активност ќе биде кај споменикот на УЧК, или 'Шќипоња' во Топанско Поле“, изјави Ганиу за весникот Лајм.

Станува збор за една од неколкуте улици кои веќе се преименувани во Чаир, а со согласност на Советот на Град Скопје.

Слично

Поврзани вести