КУРЦ СО ЈАСНА ПОРАКА: Македонија е на историска пресвртница
Македонија е на историска пресвртница на патот кон ЕУ. Во пресрет на референдумот, закажан за 30 септември, решението за прашањето за името ја има нашата целосна поддршка. Затоа доаѓам во Македонија каде што ќе се сретнам со премиерот Зоран Заев и други официјални претставници, порача преку видео порака на Фејсбук и Твитер австрискиот канцелар Себастијан Курц, кој денеска е во официјална посета на Скопје.
Курц заедно со австриската делегација претпладнево ќе биде свечено пречекан на платото пред Владата на Република Македонија, а подоцна ќе има и заедничка прес-конференција со премиерот Заев.
Тој во земјава доаѓа на покана на премиерот Зоран Заев, кој пред референдумот има покането и неколку други европски лидери.
Утре пак доаѓа германската канцеларка Ангела Меркел.
