Економија, финансии, бизнис

Контакт

КУРЦ И ЗАЕВ РАЗГОВАРАЛЕ: Австрија бара соработка со македонската полиција

КУРЦ И ЗАЕВ РАЗГОВАРАЛЕ: Австрија бара соработка со македонската полиција

Maкедонската полиција денеска информира дека австриската полиција, преку Европол, доставила барање за соработка и информации околу терористичкиот напад кој се случи синоќа во Виена.

„Од списокот на австриската полиција, кој е доставен до повеќе полиции, меѓу кои и нашата, утврдено е дека три лица покрај австриското имаат и државјанство на Република Северна Македонија, и тоа К.Ф. (роден во Модлинг, Австрија), А.Г. (роден во Сент Полтен, Австрија) и У.А. (роден во Виена, Австрија). Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР веднаш се стави на располагање на колегите од Австрија и интензивно соработуваме на сите елементи поврзани со овој случај. Остварена е и директна комуникација меѓу премиерите Заев и Курц. Премиерот Курц изрази благодарност до премиерот Заев за искажаната солидарност и поддршка. Премиерите изразија подготвеност да ја продолжат комуникацијата и соработката во врска со терористичкиот напад доколку австриските служби утврдат таква потреба“, информираат од МВР.

Убиениот напаѓач во Виена е роден во Модлинг, но по потекло е од Челопек во Тетово, Станува збор за К.Ф. (20 години) роден и израснат во Австрија. 

Неговото потекло го потврди и министерот за внатрешни работи во Австрија, Карл Нехамер, кој рече дека убиениот напаѓач во Виена е 20-годишник со двојно државјанство, од Австрија и Северна Македонија.

Слично

Поврзани вести