Економија, финансии, бизнис

Контакт

Курц го одбра Заев за гостин на бал

Курц го одбра Заев за гостин на бал



Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, на главниот настан на отворањето на сезоната на балови „Oпернбал“ како свој гостин го повикал премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев.

Заев поканата ја заслужил поради договорот постигнат со Грција за името на државата, како и во фокусот на австриската надворешна политика кон Западен Балкан, известуваат од кабинетот на австрискиот канцелар за агенцијата АПА.

Засега се знае дека Заев ќе биде единствениот гостин на канцеларот, а тие ќе имаат и билатерална средба пред „Oпернбал“, а другите австриски функционери ќе повикаат исто така свои гости, меѓу кои покани ќе добијат и такви од балканскиот регион.

Заев претходно во Виена кон крајот на јануари беше одликуван од Курц.

Слично

Поврзани вести