Економија, финансии, бизнис

Контакт

Курц: Ги канам граѓаните да излезат на референдумот, истата порака ќе ја упатам и до опозицијата

Курц: Ги канам граѓаните да излезат на референдумот, истата порака ќе ја упатам и до опозицијата

Канцеларот на Австрија, Себастијан Курц, на претпладневната прес-конференција со македонскиот премиер Зоран Заев упати покана до македонските граѓани да излезат на референдумот на 30 септември и да го подржат договорот од Преспа помеѓу Скопје и Атина.

- Австрија и Македонија немаат само тесно економска соработка, туку заедничка историја и сакаме да живееме заедничка иднина. ЕУ ќе биде комплетна кога ќе биде интегриран и Западен Балкан. Сакам да ги поканам граѓаните на Република на Македонија да учествуваат на овој референдум. Секако, одлуката е нивна. Би било многу позитивно доколку има големо учество и позитивен исход. Како канцелар на земјата-претседавач на ЕУ, се најдобро и посакувам на земјата на патот кон ЕУ - рече Курц.

На новинарско прашање потврди дека ќе се сретне и со македонската опозиција и истото ќе го побара од нив.

- Истата порака ќе ја упатам до опозицијата. Независно со кого разговарам, мојот став е секогаш ист - рече Курц.

Премиерот Заев, на новинарско прашање, додаде дека верува во позитивниот исход на референдумот, но и дека грчкиот парламент со огромно мнозинство ќе го ратификува договорот од Преспа по граѓанското изјаснување.

Слично

Поврзани вести