Економија, финансии, бизнис

Контакт

Купувањето на недвижности во земјава ќе се ослободи од ДДВ

Купувањето на недвижности во земјава ќе се ослободи од ДДВ
Заврши проектот за реформа на македонскиот даночен систем , што беше помогнат од проектот на Германското друштво за меѓународна соработка-ГИС, информира МРТВ. Новиот нацрт  текст на Законот за ДДВ е целосно хармонизиран  со Европската регулатива  и со најновите директиви , велат  од ГИС. Според координаторот на проектот, Хесус Гајарре,  Македонија има  добри стапки на ДДВ  и доколку успее да ги задржи  не треба да ги менува,  како што направија повеќе европски земји погодени од должничката криза ,меѓу кои и Шпанија од каде што тој доаѓа. Стариот закон се употребува веќе 10 години , а во меѓувреме се донесени десетина нови ЕУ директиви кои требало да бидат вградени во даночната регулатива . Проектот освен текстот на законот на Министерството за финансии ќе му ги предаде и подготвените подзаконски акти потребни за негова имплементација . Една од новините во законот ќе биде определбата  купувањето на недвижности да биде ослободено од плаќање ДДВ , велат од ГИС. Дел од новите  законски  решенија за ДДВ би се применувале по автоматизам , веднаш по влезот на Македонија во ЕУ , вели Гајаре .  
Слично

Поврзани вести