Економија, финансии, бизнис

Контакт

„КУПУВАЛЕ ЗЕМЈИШТЕ СО НАДЕЖ ЗА МИЛИОНСКИ ПРОФИТИ ОД ЕКСПРОПРИЈАЦИЈА“: ВЛЕН за автопатот Скопје - Блаце

„КУПУВАЛЕ ЗЕМЈИШТЕ СО НАДЕЖ ЗА МИЛИОНСКИ ПРОФИТИ ОД ЕКСПРОПРИЈАЦИЈА“: ВЛЕН за автопатот Скопје - Блаце

Пискотниците на ДУИ за автопатот Скопје-Блаце имаат само една причина: трасата не поминува таму каде што со години се правеле пресметки и се купувале земјишта со надеж за милионски профити од експропријација. 

За прв пат добиваат граѓаните, а не партиските интереси.

Ова го посочуваат утрово од политичката партија „Влен“ (Вреди) од каде истакнуваат дека „ова е вистинската причина за нивната врева“. 

- Обидот автопатот да служи за индивидуални интереси, а не за интерес на граѓаните, пропадна. Трасата се реализира според професионално решение и во корист на граѓаните, а не според плановите на оние што мислеа дека ќе се збогатат од овој пат.

Со години овој стратешки проект беше одложуван и држен како заложник на тесни интереси. Денес, кога конечно напредува, корисници нема да бидат привилегирани поединци, туку граѓаните, бизнисите, економијата и стратешкото поврзување со Косово - нагласуваат од партијата. 

Потоа додаваат дека ВЛЕН не е во Владата за да штити приватни интереси, туку за да реализира проекти кои со децении се користеле само за политичка пропаганда. 

- Автопатот Скопје-Блаце е еден од проектите што ја покажува разликата меѓу оние што зборуваа за развој и оние што го реализираат во пракса.

Автопатот Скопје-Блаце е најдобар доказ за разликата меѓу два политички пристапи: 24 години празни ветувања и 24 месеци ангажман што го водат проектот кон завршување - нагласуваат на крајот од нивното соопштение испратено до медиумите. 


Слично

Поврзани вести