КУПУВАЧОТ НАПРАВИ НАВИСТИНА ДОБРА ЗДЕЛКА - купи акции на Комерцијална по цена за околу илјада денари пониска од редовната
Сума од 104 илјади евра беше платена на Берзата за 220 акции на Комерцијална банка.
Станува збор за блок трансакција која вчера помина на организираниот пазар на капитал, а на која за однапред познат купувач беа продадени 220 акции на Комерцијална банка, по цена од 29.105 денари за акција. Или, тоа значи дека купувачот за оваа количина ќе плати сума од 104 илјади евра.
Овој купувач на акциите, кој и да е, направил добра зделка, бидејќи на редовниот пазар во текот исто така на вчерашниот ден, просечната цена со која се тргувало со акциите на Комерцијална банка била 30.053 денари, што значи повисока од онаа на блок трансакцијата.
А, на редовниот пазар вчера биле продадени 172 акции, откако завчера се истргувала многу поголема количина, односно 614 акции.
Како што е познато, цената на акцијата на Комерцијална банка постојано оди нагоре, а пикот го достигна до 31 илјада денари, по што тргна малку надолу, но сега пак се стабилизира на една убава линија на над околу 30 илјади денари за акција.
Н.Н.Ф.
