КУПУВАЧИТЕ ИЗНЕНАДЕНИ: Икеа одлучи да престане да продава еден производ
Тие сакаат да ја забрзаат енергетската транзиција.
Продавниците на ИКЕА во Холандија ќе престанат да продаваат шпорети на гас од јануари следната година. Во понудата ќе има само шпорети со индукциски плочи.
ИКЕА Холандија е првата што донесе ваква одлука, пренесува магазинот Феникс.
Причината за одлуката е прилагодување на националната цел на Холандија до 2030 година еден и пол милион домаќинства повеќе да не се снабдуваат со гас.
Со оваа мерка ланецот ИКЕА сака да ги поттикне потрошувачите да се префрлат на електрично готвење со индукциски плочи, ја пренесуваат германските медиуми одлуката на познатата шведска компанија.
„За да се забрза енергетската транзиција во Холандија, мора да се осмелиме да ги донесеме овие одлуки“, се вели во соопштението за печатот на компанијата.
