Економија, финансии, бизнис

Контакт

Купи стан во Германија, па се покаја: „Мислев дека нема кирија, ама трошоците ме уништија“

Купи стан во Германија, па се покаја: „Мислев дека нема кирија, ама трошоците ме уништија“

Купувањето стан во Германија често се смета за сигурна инвестиција и начин да се избегне плаќањето кирија, но реалноста може да биде многу поразлична. Еден балкански иселеник на социјалните мрежи ја сподели својата приказна за тоа колку всушност чини да се биде сопственик на стан.

Тој вели дека пред осум години купил стан во Германија со кредит на 20 години, уверен дека конечно ќе живее „на свое“ и ќе се ослободи од кирија. Но, како што признава денес, вистинските трошоци започнале дури потоа.

Според неговата пресметка, месечните трошоци за станот се многу повисоки отколку што очекувал. Само за основни комуналии плаќа околу 500 до 550 евра месечно.

– Греење плаќам 150 евра месечно, струја 80, вода и канализација 50, гас 70, осигурување на станот 30 евра, данок на недвижнина 40 евра, а за лифт и чистење на ходникот околу 50 евра. Плус секогаш има поправки и ситни дефекти кои чинат најмалку уште 50 евра месечно – објаснува тој.

Освен редовните трошоци, станарите во зградата мора да учествуваат и во поголеми инвестиции. До крајот на август, како што вели, ќе мора да плати дури 18.000 евра за нова фасада на зградата, што дополнително го оптоварува буџетот.

Според неговата пресметка, дури и кога ќе го исплати кредитот, месечните трошоци за одржување на станот ќе останат околу 550 до 600 евра, што не е многу помалку од киријата за стан во Германија, која изнесува 800 до 900 евра со вклучени трошоци.

Дополнителен проблем, како што вели, се и соседските односи.

– Имам проблем со соседот од станот над мене, кој постојано прави бучава и не се грижи за никого. Кога си сопственик, сите проблеми паѓаат на тебе – поправки, пријави, разговори – вели тој.

Поради тоа, тој предупредува дека купувањето стан не значи крај на финансиските грижи, туку често носи долгорочни обврски и стрес.

– Луѓето мислат дека кога ќе купиш стан си го решил животот. Но реалноста е дека секој месец едвај дишеш од трошоци. Затоа, ако планирате да купите стан во Германија, проверете ги сите детали и вистинските трошоци – советува тој.



    Слично

    Поврзани вести