КУНОВСКА: Ставот на СДСМ за одвојувањето на Македонија од Албанија на патот кон ЕУ e смешен
Поранешната пратеничка Софија Куновска смета дека ставот на СДСМ за одвојувањето на Македонија од Албанија на патот кон ЕУ, како еден од клучните приоритети на новата Влада, е „смешен и глупав“.
„Глупав е затоа што СДСМ многу добро знае дека и првиот ден по формирањето на Собранието, да отпочнеше постапката за уставните измени, до денес немаше да се заврши затоа што е подолг процес. Смешен е ставот на СДСМ заради тоа што не знам какви им се очекувањата – дека тоа што 7 години не го успеаја во однос на евроинтеграциите, како очекуваат ВМРО-ДПМНЕ да ја заврши приказната за 100 дена“, вели Куновска во емисијата „Само вистина“.
Според неа, и ВМРО-ДПМНЕ и новата Влада не треба да биде амнестирана за тоа што го направи во овие 100 дена.
