Економија, финансии, бизнис

Контакт

КУНОВСКА СЕ ЗАКАНИ: „Цела улица ќе ги бојкотира претстојните избори“

КУНОВСКА СЕ ЗАКАНИ: „Цела улица ќе ги бојкотира претстојните избори“

Поранешната советничка во Советот на Град Скопје, Софија Куновска, им се закани на сите кандидати за градоначалници, заради паркингот на улицата Максим Горки каде што таа е резидент, а каде што има голем проблем со паркирање.

„Повик до кандидатите за градоначалник на Скопје и Центар

Орце Ѓорѓиевски, Каја Шукова, Мирослав Лабудовиќ, Горан Герасимовски

Два мандати од нас баравте да пишуваме петиции и не уверувавте дека за станарите на улица Максим Горки ќе се изнајде решение за паркирање за резиденти. На било коа друга улица резервирана за резиденти за 5 минути доаѓа пајак и го решава проблемот ако паркирате а не сте резидент.

На нашата улица ако излезете наутро во 8 на пример да однесете дете во градинка, се враќате за 20 минути но ќе паркирате најмалку после 60-80 минути чекајќи да се ослободи место. Навечер кога доаѓаат посетители на плоштадот е уште поголема драма. Ова е навистина веќе неиздржливо.

Повелете во ден кој вам ви одговара на едно утринско кафе да се обидеме заедно да паркираме за да разберете што ви зборуваме цела една деценија. Во спротивно цела улица здружено ќе ги бојкотира престојните избори.

Одберете ден и време и пишете ни во коментар. Ве очекуваме“, напиша таа.



Слично

Поврзани вести