Економија, финансии, бизнис

Контакт

Kуновска: Нашиот личен зијан е ќар за државата

Kуновска: Нашиот личен зијан е ќар за државата

Поранешна пратеничка од редовите на СДСМ и актерка, Софија Куновска на својот Фејсбук-профил го објави интервјуто на министерката за правда, Рената Десковска со наслов „На амнестираните им простивме, но не им заборавивме“ при што запраша дали најодговорната за правда се исмева со македонската држава? „Победници во режим, губитници во „демократија““, додаде Куновска. 

Во друга објава пишува дека луѓето од СДСМ сепак знаат да ја искритикуваат власта. 

„Разликата помеѓу нас од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е во тоа што за среќа, меѓу нас од СДСМ има и такви кои се спремни да упатат јавна критика и кога партијата е на власт. Без разлика на политичкиот зијан за нас поединечно. Нашиот личен зијан е ќар за државата.  Во ВМРО има задоцнета памет колку сакаш, но не само кога се уверени дека нивните конта и политички кариери нема да бидат зијан туку и кога критиката е влог во идна политичка кариера.. Но, можеби е грев воопшто и да се нарече оваа владеачка структура СДСМ.  Обично теговско друштво“, пишува таа. 


Куновска е редовен критичар на политичките на власта. 

Слично

Поврзани вести