Економија, финансии, бизнис

Контакт

Куновска: На Македонија не и врши работа метла туку дезинфекција

Куновска: На Македонија не и врши работа метла туку дезинфекција

Поранешната претседателка на Градската организација на СДСМ Софија Куновска на социјалните мрежи се огласи по повод акцијата „Метла“ која ја најави премиерот откако информациите за непотизам официјално беа потврдени од државната комисија за спречување корупција.

„На Македонија не и врши работа метла. Потребна е дезинфекција, дезинсекција и дератизација.

Со метла се дига прашина. Кој чистел, знае.“- пишува Куновска на Фејсбук.


Куновска во 2014 година беше втора на листата на СДСМ во првата изборна единица.

Таа тогаш изјавуваше дека во СДСМ нема доволно дебата и свесна е дека е еден од членовите што бара поголема демократија во рамките на самата партија, што можеби некому му пречи и затоа ја отстранува.


Слично

Поврзани вести