Економија, финансии, бизнис

Контакт

КУНОВСКА ИМА ПРИТИСОК ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА ЦЕНТАР: „Би била независен кандидат“, вели таа

КУНОВСКА ИМА ПРИТИСОК ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА ЦЕНТАР: „Би била независен кандидат“, вели таа

Поранешната советничка во Град Скопје и член на СДСМ, Софија Куновска, во гостувањето во Само вистина на Канал 5, истакна дека имала голема поддршка да се кандидира за градоначалник на општина Центар.

„Постојано во комуникација со граѓаните има еден засилен притисок да се кандидирам за градоначалник на Центар, но се уште не сум ја донела конечната одлука. Сметам дека треба објективно да се гледа на работите, да се направат истражувања, затоа што се наоѓате во еден меур од ваши симпатизери, пријатели, поддржувачи, но веројатно има и една друга страна која треба со време да ја дознаете, а не на избори. Но доколку се одлучам на таков чекор -би била независен кандидат, истакна таа.



Слично

Поврзани вести