Економија, финансии, бизнис

Контакт

Куновска до Заев: Дечко, ај не шири демагогии туку прво престани да пушиш во работни простории

Куновска до Заев: Дечко, ај не шири демагогии туку прво престани да пушиш во работни простории

Екс пратеничката од СДСМ, Софија Куновска, на нејзиниот Фејсбук профил, го искритикува премиерот Зоран Заев. 

Таа му се обрати на Заев, обвинувајќи го дека пуши во работни простории и шири демагогии.

„Дечко, ај не шири демагогии туку прво престани да пушиш во работни простории. Еден закон за пушење не почитувате, камо ли друго. По тебе и сите останати. Се крстат Европјаните кога ве гледаат. Тоа ли се европски вредности и европски навики? Ти не можеш себе во Европа да се однесеш, а не па нас“- напиша Куновска.

И претходно Куновска преку својот Фејсбук профил реагираше за актуелни случувања со кои не се согласува и го кажуваше својот став. 

Претходно таа го обвинуваше и Заев дека не го прочитал Крушевскиот манифест. 


Слично

Поврзани вести