Економија, финансии, бизнис

Контакт

Куновска: Амди Бајрам за член на Извршен на СДСМ

Куновска: Амди Бајрам за член на Извршен на СДСМ

Нови критики за партиската кадровска политика на СДСМ пристигнаа од Софија Куновска, поранешна пратеничка и советничка во град Скопје од редовите на актуелната владејачка партија. Таа не се согласува со внесувањето на поранешниот член Чедомир Саздовски повторно во Извршниот комитет на СДМС откако еднаш веќе пребегна во ГРОМ за сега по смената на власта да смени страни и да го поддржи парламентарното мнозинство. 

“Ај па Амди за член на Извршен…”, напиша Куновска на Фејсбук.

Шегувајќи се со кадровската политика на својата партија Куновска во друга порака вели:

“На итна конференциска седница на ЦО, Ѕинго и Солза избрани за потпретседатели на СДСМ”.


Слично

Поврзани вести