Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кумот на Груевски доби 30 дена притвор

Кумот на Груевски доби 30 дена притвор

Судот му одреди 30 дена притвор на Ристо Новачевски, кум на екс премиерот Никола Груевски. 

По предлог на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, Судија на претходна постапка му одреди притвор од 30 дена Ристо Новачевски заради постоење на основано сомение дека го сторил кривичното дело Перење пари и други приноси, информираа од Основниот кривичен суд.

„Судија на претходна постапка по разгледување и ценење на предлогот, како и произнесување на одбраната и обвинителството, донесе решение со кое го уважи предлогот и на Р.Н. му се определува мерка притвор во траење од 30 дена“, информираа од обвинителството.

Обвинителството за организиран криминал и корупција објави дека поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, со 1,3 милиони евра, пари кои неколку години биле собирани како донации за партијата, ги искористил за да купи плац од 11.000 метри квадратни на Водно. 

За тоа му помогнал неговиот кум од првиот брак Ристо Новачевски. Во меѓувреме за да се изврши купопродажбата биле регистрирани еден куп фирми кои воделе до Белизе, а откако биле објавени прислушкуваните разговори, земјиштето започнало да се ситни.

Слично

Поврзани вести