Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кумот на Анѓушев ќе го менува во компанијата за струја

Кумот на Анѓушев ќе го менува во компанијата за струја

Новиот вицепремиер задолжен за економски прашања целосно ќе се повлече од компанијата за трговија со струја ЕДС со тоа што на управничкото место ќе дојде неговиот кум Митрко Кржовски за да нема судир на интереси при извршување на државните обврски и власта која му е доделена со високата функција во владата.

„Менаџментот на ЕДС ја прифати определбата дека неговата одлука е во согласност со законските прописи. Имено, неговиот избор на функцијата zаменик претседател во Владата на Република Македонија е неспојлива со вршењето на функцијата управител на ЕДС. Менаџментот на ЕДС информира дека во согласност со бизнис програмата и акциониот план за работа во изминатиот период од неколку месеци се водат преговори за целосна промена на сопственичката структура на ЕДС Македонија. Во преговорите, менаџментот на компанијата особено се концентрира на стабилноста и развојот на компанијата во иднина, имајќи ги предвид сите инволвирани субјекти. Процедурите за промени на сопствеништвото ќе бидат спроведени во согласност со законската регулатива во државата“, соопшти компанијата.

Митко Кржовски доаѓа од висока позиција во ЕДС и е дел од компанијата од нејзиното основање, но повеќе внимание кај медиумите привлече фактот што му е кум на Анѓушев, па оттука се поставува прашањето за нивната блискост. Кумството во македонскиот бизнис и во политика неформално се смета за една од најцврстите врски, па затоа ќе треба да се внимава на односите бидејќи Анѓушев и натаму може да има големо влијание и ќе треба да покаже дека нема судир на интереси.

Слично

Поврзани вести