Кумановско село во клинч со полицијата, не сака закопување на угинати свињи
Кумановското село Речица крена бунт и се спротивстави против закопување на угинати свињи, поради што дојде до кошкање со полицијата.
Од МВР интѕервенираа откако локалните жители не дозволиле да поминат камиони на Агенцијата за храна и ветеринарство во кои имаше свињи умрени од болеста африканска чума.
Имено, тие требало да бидат закопани во атарот на селото, на што граѓаните се спротивставиле, а неколку лица биле приведени, јавува Алсат ТВ, од каде патем објавија и видео.
Револтот се јавил поради страв дека големиот број закопани животни може да ја загадат околината, иако Агенцијата тврди дека процесот е безбеден, локацијата ја одредила општината и оти свинската чума не може да се пренесе кај луѓето.
Слично
