Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кумановската болница чека неонаталог да се грижи за новороденчињата

Кумановската болница чека неонаталог да се грижи за новороденчињата

Кумановската болница доби еден од новите инкубатори кои владата ги набави за клиниките или одделенијата за гинекологија и акушерство низ македонските болници кои етапно ќе се достапуваат. Овој потег беше поздравен од страна на кумановската болница и нејзината директорика Снежана Захариева.

- Апаратот е нов, софистициран, со сите додатоци кои се потребни да претставуваат адекватна средина за едно предвреме родено бебе, а исто така ќе биде и олеснителна околност за Клиниката за гинекологија и акушерство и Клиниката за педијатрија, оддел за интензивна нега каде што се згрижуваат овие деца, кои по стабилизирање на состојбата ќе може да бидат вратени во нашата матична установа - изјави директорката на болницата Снежана Захариева.

Захариева изрази надеж дека на ваков начин ќе се надмине проблемот со смрттност на новороденчињата. Исто така беше посочена и дека на кумановската болница и е потребен дополнителен кадар, како и неонаталог бидејќи останал без ниту еден стручњак од оваа област, една докторка заминала во приватното здравство, а друггата се пензионирала. За новороденчињата се грижат педијатри, а се повикуваат и неонатолози од Скопје.

- Последните години тоа беше актуелен проблем, се надевам дека и со добра кадровска екипираност и добра опременост со апаратура ќе успееме да ги надминеме овие проблеми и да бидеме држава во која новроденчињата ќе бидат наша иднина - изјави Захариева.

Со овој инкубатор, вкупно во кумановската болница на овој оддел има пет инкубатори, а во Куманово годишно се раѓаат околу 1.400 деца. 

Слично

Поврзани вести