Економија, финансии, бизнис

Контакт

Куманово во карантин за викенд

Куманово во карантин за викенд

Владата донесе одлука за забрана и посебен режим на движењето на населението (полициски час) во Општина Куманово, и тоа целосна забрана за време на викенд, почнувајќи од 21:00 часот во петок (денес) до 05:00 часот во понеделник.

Во работните денови, од понеделник до петок, забраната важи секој ден во периодот од 16:00 до 05:00 часот.

За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.

Во изминатите 24 часа во земјава се регистрирани 46 нови случаи на коронавирус од кои половината односно 23 во Куманово. 

Слично

Поврзани вести