Економија, финансии, бизнис

Контакт

Куманово побара од Владата да ја укине казната од 20 евра за неносење заштитна маска

Куманово побара од Владата да ја укине казната од 20 евра за неносење заштитна маска

По триесет и деветти состанок на Општински штаб за заштита и спасување, од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус), Куманово побара од Владата да ја разгледа и измени Уредбата за носење на заштитна опрема со која е предвидена казна во висина од 20 евра на физичките лица за неносење на заштитна маска на отворено.

Наместо тоа ОШЗС на Куманово бара истата санкција да биде заменета со опомена и содветна казна со општествено корисна работа.

Донесена е и одлука да се дозволи организирање и одржување на музички концерти на отворен простор на градскиот плоштад и пред платото на НЦУК “Трајко Прокопиев“ за време на траење на полицискиот час, за кои заинтересираните културни институции, здруженија и групи ќе доставуваат предходно барање до ОШЗС и ќе ги почитуваат мерките и препораките на Владата на РСМ и ОШСЗ Куманово.


Слично

Поврзани вести