Економија, финансии, бизнис

Контакт

Куманово остана без инспекција, еден од инспекторите позитивен на корона вирусот

Куманово остана без инспекција, еден од инспекторите позитивен на корона вирусот

Куманово денеска и наредниот период ќе остане без контролата од Државниот пазарен инспекторат.

Ова денеска го потврди Стојко Пауновски, директорот на ДПИ, откако инспекциски надзорник пријавил дека е позитивен на Ковид-19.

- Во Куманово целокупното одделение ќе се затвора, бидејќи има позитивен инспектор на Ковид 19., рече Пауновски на денешната прес-конференција.

Тој додаде дека од сите скопски општини, најмногу прекршувања кај угостителските објекти се констатирани во Чаир.


Слично

Поврзани вести