Економија, финансии, бизнис

Контакт

КУМАНОВО: Од возило во движење испукани неколку куршуми близу касарната

КУМАНОВО: Од возило во движење испукани неколку куршуми близу касарната

Неколку куршуми биле испукани денеска попладне во близина на касарната „Боро Менков“  во Куманово.

Ова го соопштуваа од МВР наведувајќи дека инцидентот се случил околу 17 часот а во полицијата случајот го пријавиле вработени во касарната.

Како што информираа од МВР, од страна на НН лице, од возило (НН марка и рег.бр.) во движење биле испукани неколку куршуми од огнено оружје, а при расветлување на случајот надлежните нашле  две чаури од гасен пиштол. 

МВР работи на расчистување на случајот, при што ќе соопштат повеќе детали, кој и зошто испукал куршуми близу касарната.

Слично

Поврзани вести