Економија, финансии, бизнис

Контакт

Куманово најстудено, а каде наврна најмногу дожд?

Куманово најстудено, а каде наврна најмногу дожд?

Најмногу врнежи до 8 часот има во Пожаране и тоа 20 литри, 1 Ѓуриште, 2 Крушево, 4 Куманово, 6 Дојран, 8 Скопје, 10 Гевгелија, Дебар, 14 Лазарополе, 16 Маврово, 19 Тетово.

Најниска температура од 2 степени утрово е измерена во Куманово, 3 во Маврово, 4 Лазарополе, Ѓуриште, Крушево, 5 Пожаране, Берово, 6 Дебар, 7 Тетово, Тополчани, 8 Претор, Крива Паланка, Скопје, 9 Прилеп, Дојран, Битола, Скопје Петровец, Гевгелија, 10 Струмица, Демир Капија, Охрид, Штип, Виница.

Во текот на ноќта беше претежно облачно со засилен јужен и југоисточен ветер, на повеќе места со брзина од 50 до 70 км/час, а во штипско и околу 100 км/час. Во втората половина од ноќта и во утринските часови во северозападните и југоисточните делови имаше врнежи од дожд, кои повремено беа и поројни. 

Утре ќе има повремени слаби врнежи од дожд, а на планините ќе провејува снег. Утре и во петок ќе дува засилен ветер од северозападен правец. Температурите значително ќе опаднат, при што утринските за време на викендот на места ќе се спуштат под нулата.

Слично

Поврзани вести