Куманово, Кавадарци, Илинден, Зелениково, Сопиште чисти за Орце во Кисела Вода
Градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скпје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека екипи од општините Куманово, Кавадарци, Илинден, Зелениково, Сопиште веќе се на терен и помагаат во собирањето на сметот.
„Добро утро Скопје, честит празник Македонијо! Додека градските власти спијат, ние од раните утрински часови го чистиме градот.
Не смееме да дозволиме поради нефункционалноста на ЈП ,,Комунална хигиена” да се загрози здравјето на нашиот народ. Затоа, преземаме во свои раце!А за неколку дена од сега, после преземањето на функцијата градоначалник на Скопје - ова ќе биде минато. Го имате мојот збор! Скопје за 72 часа ќе биде чисто!
Огромно благодарам до општина Куманово, Кавадарци, Илинден, Зелениково, Сопиште и општествено одговорните компании кои помогнаа!“, информираше денес Ѓорѓиевски.
Слично
