Економија, финансии, бизнис

Контакт

Куманово има најмногу нови позитивни

Куманово има најмногу нови позитивни

За последното деноноќие во Куманово има најмногу нови заразени со коронавирусот. 

Станува збор за 26 случаи, според податоците кои ги објави денеска Министерството за здравство. 

Досега во Куманово вирусот е дијагностициран кај  1.289 луѓе, а активни се 298 случаи. 

Во овој град за 24 часа нема оздравен пациент од коронавирусот. Најмногу оздравени има во Скопје и Штип. 

Вирусот однесе уште три животи. 


Починати се 3 пациенти од Скопје (69г.), Велес (35г.) и од Македонски Брод (77г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.


Од почетокот на епидемијата, во земјава вирусот е дијагностициран кај 12,774 луѓе. 

Починале 545 луѓе, а оздравеле 9.581, додека активни се 2.648 случаи. 

Слично

Поврзани вести