Kумановка во спалната соба чувала хероин и кокаин
Kумановка на возраст од 37 години во спалната соба чувала хероин и кокаин.
При извршен претрес во домот на осомничената на 4 мај 2021 година, овластените службени лица пронашле 11,53 грама наркотична дрога – хероин и едно пакување наркотична дрога – кокаин од 0,85 грама. Осомничената неовластено заради продажба ја набавила наркотичната дрога. Обвинителството поведе постапка против 37-годишната жителка на Куманово, поради постоење на основано сомнение дека го сторила кривичното дело – Неовлстено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Судот на осомничената и определи куќен притвор во траење од 30 дена.
Слично
