Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кумановка почина на приватна забава во Скопје откако излегла од базен

Кумановка почина на приватна забава во Скопје откако излегла од базен

Девојка почина на приватна забава откако излегла од базен. 

11 минути по полноќ  во Полициската станица Бит Пазар е пријавено дека во угостителски објект на улицата „Ќурчиска” починала Љ.С.(22) од кумановско. Полициски службеници излегле на местото на настанот и е констатирано дека Љ.С. за време на приватна забава, откако излегла од базен го земала телефонот кој бил приклучен на полнач, по што паднала на земја, а во објектот снемало електрична енергија. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.

Слично

Поврзани вести