Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кумановец во Скопје засадил марихуана - најдени се 147 саксии

Кумановец во Скопје засадил марихуана - најдени се 147 саксии

Триесет и петгодишен кумановец Д.З. во Скопје одгледувал марихуана. Toj доби кривична пријава и притвор од 30 дена.

На 8 јуни околу 23  часот полициски службеници на улица „Лазар Поп Трајков“ извршиле легитимирање на пријавениот при што кај него е пронајдена полиетиленска кеса со растителна материја. По добиена усна наредба за вршење претрес во домот каде привремено престојува пријавниот пронајдени и одземени се: 147 саксии со Cannabis, 49,65 грама марихуана, 46,33 грама амфетамин, четири таблети  3,4 метилендиоксиметамфетамин(MDMA) психотропна супстанца, стимуланс на централниот нервен систем класифицирани во Националната Листа I на контролирани психотропни супстанци, потоа дигитална вага,  дигитален мерач за температура и влажност, тајмер и четири лед панели. На Д.З. од страна на судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во времетраење од 30 дена. 

Слично

Поврзани вести