Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кумановец влегува во трката за претседател на СДСМ

Кумановец влегува во трката за претседател на СДСМ

Активист од Куманово влегува во трката за лидер на СДСМ. До Централната изборна комисија, денеска кандидатура за претседател на партијата за вонредните внатрепартиски избори кои ќе се одржат на 12 декември поднесе Властимир Алексовски.

Алексовски е член и активист на СДСМ од општинската организација на партијата од Куманово. По анализирање на поднесената документација и утврдување дали апликацијата на Алексовски е согласно правилникот и дали ги исполнува пропишаните услови, Централната изборна комисија ќе соопшти дали ја верификувала апликацијата. За лидери се кандидираа Димитар Ковачевски и Фросина Ременски. И Јован Деспотовски размислува да се кандидира. И Миле Зечевиќ, поранешен организациски секретар на СДСМ се подготвува да се кандидира за лидер на партијата. Зоран Заев си поднесе оставка од функцијата по лошите резултати на локалните избори.

Слично

Поврзани вести