КУМАНОВЕЦ УАПСЕН ВО ТИРАНА: Го барале со меѓународна потерница
Во Тирана e уапсен кумановец баран со потерница за издржување казна затвор.
Албанските власти вчера на аеродромот во aлбанскиот главен град уапсиле кумановец кој бил баран со меѓународна потерница за издржување казна затвор во Македонија, по што Јавното обвинителството во Тирана побарало информација од македонските колеги.
Албанското обвинителство до властите во Македонија побарало податоци за Џенгиз Мусљиу, кој беше уапсен вчера на меѓународниот аеродром во Тирана, објави Топ чанел.
Пред судијата Мусљиу рекол дека има белгиско државјанство и побарал политички азил во Белгија, затоа што бил во опасност.
Во прегледот на барани лица со меѓународна потерница на македонското Министерство за внатрешни работи пишува дека Џенгиз Мусљиу е роден 11 јануари 1990 година во Куманово, каде и живее. Се бара со наредба издадена од Основен суд Куманово за издржување на казна затвор во траење од 11 години и уште една наредба од истиот суд за издржување на казна затвор во траење од четири години.
