Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кумановец пропаднал до гуша во тиња, го спасувале кумановски пожарникари

Кумановец пропаднал до гуша во тиња, го спасувале кумановски пожарникари

Центарот за управување со кризи објави дека утрово имало спасувачка акција на реката Пчиња, каде што човек пропаднал до гуша во тиња и кал. Го спасувале кумановските пожарникари.

- Акцијата беше драматична, човекот беше пропаднат буквално како во жив песок. Ситуацијата беше опасна и затоа извлекувањето траеше неколку часа. Додека траела акцијата, тој цело време пропаѓал надолу, се до рамењата и вратот, извести утрово Илија Бојаровски, гласноговорникот на ЦУК.

Лицето било еден километар пренесувано на раце за да биде предаден на итната медицинска помош.Несреќникот бил едвај контактибилен кога бил извлечен, а потоа бил примен во кумановската болница.

Слично

Поврзани вести