Економија, финансии, бизнис

Контакт

КУМАНОВЕЦ КРАДЕЛ ВО СКОПСКА ПРИВАТНА ОРДИНАЦИЈА - одзел пари и картички кои потоа ги „празнел“

КУМАНОВЕЦ КРАДЕЛ ВО СКОПСКА ПРИВАТНА ОРДИНАЦИЈА - одзел пари и картички кои потоа ги „празнел“

Триесет и тригодишен кумановец одбрал чудно место за крадење, односно тоа го сторил во приватна здравствена установа во скопска Кисела Вода. Имено, тој од чантата на еден од пациентите што чекале во ординацијата, украл пари и две кредитни картички, од кои едната „добро“ ја испразнил. Тоа го сторил во декември, а Полицијата вчера го привела, по што му нашла и други украдени картики, како и прашкаста материја.

„На 11.01.2021 година во 11.30 часот на улица "Филип Втори Македонски" во Скопје од слобода е лишен Г.П.(33) од Куманово, сторител на повеќе кривични дела. По извршен разговор, Г.П. признал дека на 21.12.2020 година во приватна здравствена установа лоцирана на подрачје на Кисела Вода во Скопје, извршил кривично дело "кражба" при што од чанта одзел новчаник во кој имало 15.000 денари како и две платежни картички. По извршеното кривично дело со едната картичка купил производи во вредност од 30,000 денари додека со другата имал неколку неуспешни обиди за купување. По извршениот разговор, од лицето се одземени неколку картички од банки кои не се на негово име, одземени се исто така и парични средства. Кај Г.П. исто така е пронајдена и бела прашкаста материја. Против него, по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, се вели во соопштението о Полицијата. 

Слично

Поврзани вести