Кумановец дал 11.500 евра на член на семејството за купување на возило, по што е измамен
Жител на Куманово вчера пријавил во полиција дека член на неговото семејството го измамил за сума од 11.500 евра.
Според пријавата, О.Х. од Куманово кажал дека неговиот роднина му понудил да му го продаде возилото, меѓутоа откако поминал подолг временски период тој разбрал дека возилото е продадено, а тој не ги добил назад парите. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Претходно, имаше случај каде битолчанец останал и без пари и без возило.
Слично
