Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кумановците кои работеа во Авганистан се безбедни, се враќаат дома

Кумановците кои работеа во Авганистан се безбедни, се враќаат дома

Дел од граѓаните на Куманово кои преку странски фирми беа ангажирани во Авганистан се на безбедно и треба да пристигнат дома. 

Тие веќе стапиле во контакт со своите најблиски и информирале дека се добро. Преку Турција се очекува да допатуваат во земјава. Станува збор за стотина луѓе.  Голем дел од печалбарите веќе се вратени откако почна корона кризата. 

Работниот ангажман во оваа земја од каде донесоа огромен прилив на пари завршува со повлекувањето на Американците. 

Изминативе години кумановци работеа во перални, кујни, во воените бази во Авганистан. Тие се обврзани да не даваат детали околу својот работен ангажман. 

Централната Влада во Кабул вчера мирно им ја предаде власта на претставниците на Талибанците, со што заврши дваесетгодишното владеење на авганистанската Влада поддржана од САД. Талибанците влегоа во претседателската палата во главниот град.

С.А.

Слично

Поврзани вести