Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кумановци шест месеци ќе имаат бесплатен превоз

Кумановци шест месеци ќе имаат бесплатен превоз

Во Куманово ќе стартува бесплатен превоз. 

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски соопшти дека на денешната Седница, Советот на општината го прифати неговиот предлог и едногласно донесе одлука за субвенционирање на јавен линиски превоз во наредните шест месеци со тенденција да продолжи и во иднина.

„Со оваа одлука граѓаните во наредниот период ќе можат бесплатно да го користат јавниот линиски превоз за своите потреби. Во време на економско-енергетска криза граѓаните на Општина Куманово добиваат можност за значителни заштеди во семејниот буџет. Со ова, ќе придонесеме за намалување на сообраќајниот метеж во централното градско подрачје и намалување на загадувањето. Дополнително, ќе се стремиме да се унапреди нивото на услуга во јавниот линиски превоз во Куманово и да стимулираме што е можно повеќе граѓани да користат јавен превоз за сопствените потреби“, вели Димитриевски.

Целта е како што претходно беше кажано, да се намали загадувањето на воздухот, но и да им се помогне на граѓаните затоа што дел од нив за билет даваат дури и по 110 денари. 

Слично

Поврзани вести