Кумановци најавуваат блокада на патарината за Скопје на 4 февруари
Повик испратен до кумановци на социјалните мрежи ги повикува повикува граѓаните на 4-ти февруари да ја блокираат патарината Куманово – Скопје за да оневозможат бугарски националисти да дојдат во Скопје за да се поклонат пред гробот на Гоце Делчев.
„Повик до сите родољуби! Дојдете со камиони, трактори, автомобили и друга машинерија и поддржете го протестот. Кумановчани – ве повикуваме во 9 часот да ја блокирате патарината кон Скопје. Да не дозволуваме бугарските нео-нацисти да плукаат по споменот на великанот Гоце Делчев“, стои во објавата.
Во повикот, покрај блокада од страната на граничниот премин Деве Баир, се бара и блокада пред вториот граничен премин кај Делчево.
Слично
