Економија, финансии, бизнис

Контакт

Култниот „Партизан“ по 20 години повторно работи во Карпош

Култниот „Партизан“ по 20 години повторно работи во Карпош

Денеска официјално започна со рабопта спортската сала „Наум Наумовски - Борче” во Општина Карпош, позната како сала „Партизан“  помеѓу карпошани и скопјани, кои сега ќе може повторно да учат и да се натпреваруваат во гимнастика, кошарка, одбојка, карате, стрелаштво и друго.

Спортскиот центар некогаш беше расадник на големи спортски имиња. Стариот „Партизан“ беше проектиран од Трајко Димитров.

Премиерот Димитар Ковачевски меѓудругото му се заблагодари на изведувачот и надзорот кои што го завршија објектот во предвидениот рок кој истекуваше на крајот на годинава.

„Благодарност и до архитектите кои го осмислија современиот изглед на салата и на сите други кои се заслужни за денешниот модерен лик на оваа сала, која од денеска ќе биде на располагање на сите љубители на спортот во Карпош и пошироко“, рече Ковалевски.

Спортската сала „Партизан“, беше донација на Франција по земјотресот и повеќе од 20 години претставуваше руина во овој дел од нашиот главен град. 

За реновирање на нејзината надворешност, но и внатрешноста, беа издвоени над 1,1 милиони евра буџетски средства преку Агенцијата за млади и спорт.



Слично

Поврзани вести