КУЛМИНАЦИЈА НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ ВО СКОПСКОТО ПОДРАЧЈЕ, КАТЛАНОВО, КУМАНОВО...НАД 40: Но, ќе следи големо заладување, утринските под 15 степени
Метеорологот
Славчо Попоски објави дека во 16 часот температури над 40 степени се измерени
во Скопското подрачје, Катланово, Куманово, Велес, Демир Капија. Овие два дена
високите температури ќе кулминираат, но како што најавува тој, веќе од среда
спрема четврток се очекува големо заладување.
-Барем според моменталните анализи со кој ние располагаме, со големото освежување и падот на температурите за десет степени кое се очекува кај нас во текот на ноќта среда кон четврток, завршуваат и овие екстремно високи температури на воздухот за ова лето. Температурите на воздухот кој се очекуваат од четврток ќе бидат пониски од сегашните дури за десет степени, а наутро тие на повеќе места ќе се спуштаат до околу, па и под 15 степени, понекаде дури и под 10 степени, и тие ќе бидат под просекот за овој период од годината. Сево ова ќе биде проследено и со ветер од западен, а потоа и од северен правец. Ветерот повремено ќе биде засилен на интензитет, повремено и силен. Сепак со овој продор на свеж воздух од север нема да има врнежи во Македонија, но во регионот му се закануваат нови Суперќелиски облаци и големо невреме. Во регионот ќе биде уште посвежо од Македонија и од среда – четврток максималните температури ќе бидат и под 20 степени, најавува Попоски.
ФОТО: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI