Економија, финансии, бизнис

Контакт

КУЛАКОВ: Правосудниот систем произведува неправди

КУЛАКОВ: Правосудниот систем произведува неправди

Таткото на загинатата Фросина Кулакова, Тодор Кулаков денеска на протестот изјави дека секој кој изгубил дете се соочува со добро организиран систем што е тешко да се нарече правосуден. 

Вели дека тој произведува длабоки неправди, произведува голема дехуманизација на целото општество и произведува и стимулира нови и нови Васовци. 

Васил Јованов, возачот кој ја прегази на црвено 22-годишната девојка на пешачки премин кај Универзалната сала во јануари годинава вчера доби 12 години затвор. Семејството Кулакови не се задоволни од пресудата. Тие сметаат дека оваа казна е преблага. 

Инаку, Врховниот суд на 7-ми мај ја укинал пресудата со која Васил Јованов беше осуден на 3 години и 10 месеци затвор за трговија со дрога. 

Слично

Поврзани вести