Економија, финансии, бизнис

Контакт

Куќната помошничка на Боки 13 ги откри сите гости кои доаѓале кај него: Шекеринска, Кирацовски, Филипче, Богоев....

Куќната помошничка на Боки 13 ги откри сите гости кои доаѓале кај него: Шекеринска, Кирацовски, Филипче, Богоев....

Куќната помошничка на Бојан Јовановски денеска како сведок на судското рочиште за случајот „Рекет“ ги најбројуваше видните гости кои ги затекнала како престојувале кај првообвинетиот во неговиот стан..

Драгана К. наведе дека во станот на Боки 13 доаѓале вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев, и актуелниот пратеник и поранешен генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, како и министерот за здравство Венко Филипче.

Таа додаде дека во домот на Јовановски ги гледала поранешната специјална обвинителка и сега обвинетата Катица Јанева, бизнисменот Јордан Камчев, кој е оштетен сведок во овој предмет, како и Зоран Милевски Кичеец, кој веќе е осуден на казна затвор во „Рекет“.

Сведокот рече дека Кичеец се однесувал во станот како дома, рече таа и додаде дека сепак не видела никакви пари, ниту пак слушала за што се одвивале разговорите.


Слично

Поврзани вести