Куќен притвор за скопјанец кој запалил „бмв“ во Глумово
Вчера на граничниот премин “Долно Блаце“ бил лишен од слобода Б.М.(25) од Скопје поради предизвикување општа опасност, откако запалил „бмв“ во селото Глумово, по што по него во меѓувреме била распишана потерница.
Полицијата соопшти дека на лицето му е одреден куќен притвор од 30 дена и ќе добие кривична пријава.
„Имено, по преземени соодветни мерки и активности, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје утврдиле дека Б.М. на 12.05.2022 во с. Глумово запалил патничко моторно возило „бмв“, сопственост на С.С.. “, објави МВР.
Слично
