Економија, финансии, бизнис

Контакт

Куќен притвор за даночните инспектори Паунов и Димитриев

Куќен притвор за даночните инспектори Паунов и Димитриев

Кочанскиот суд определи мерка куќен притвор на двајца првоосомничени во случајот со поткупот за Пулс на двајцата контролори од УЈП - Драган Паунов и Дуле Димитриев.

Во предистрага која беше отворена вчера. Обвинителството бараше ефективен притвор за двајцата даночни контролори во регионалната дирекција на УЈП во Штип.

Двајцата се осомничени дека „ја искористиле својата службена положба и овластување и пристапот до податоци и информации за ненајавени контроли во правни субјекти – даночни обврзници и со цел да прибават противправна имотна корист и подароци му ги откривале информациите и го предупредувале за контролите одговорното лице во  клубот Пулс во Кочани.“ Обвинителството ги товари за примање поткуп.

За уште 6-мина осомничени службеници во УЈП-Штип се определени мерки на претпазливост. Сите се осомничени за коруптивни дела поврзани со кабарето Пулс во кое, на 16-ти март во пожар загинаа 63-ца главно млади луѓе и над 210 беа повредени. Акцијата во УЈП Штип се реализира еден ден по стартот на судењето за таа трагедија.

Шестмина осомничени, даночни инспектори и управници од регионалните дирекции на УЈП во Штип и Струмица, им овозможувале на правните субјекти “ММММ кафе” и „Пулс” да ги избегнуваат даночните контроли и да работат без соодветна фискализација, со што се осомничени дека сториле – Злоупотреба на службената положба и овластување согласно член 353 од Кривичниот законик.За нив се предложени мерки на претпазливост“, велат од ОЈО. 

Сопственикот на „Пулс” кој веќе е во притвор во другиот предмет е осомничен за Фалсификување исправа според член 378 од Кривичниот законик, бидејќи подолг временски период свесно и со умисла за време на контроли од Управата за јавни приходи приложувал преправени фискални апарати со контролни фискални извештаи со невистинити податоци, кои истиот ги употребувал како вистински, а се со цел и намера избегнување на парични глоби и затворање на објектот.


Слично

Поврзани вести