Куќен притвор за 22 годишниот кој сакал да силува 72 годишна баба, ја нападнал во нејзиниот дом, а лицето го киел со маица
Одреден куќен притвор за младиот 22 годишен жител на Дреново, кој видкендов беше уапсен поради обид да силува 72 годишна жена во нејзиниот дом.
Како што објави ОЈО, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 22-годишен жител на Дреново, осомничен дека сторил кривично дело – Силување од член 186 став 1 во врска со член 19 (обид) од Кривичниот законик.
- На 18 ноември, со употреба на сила, осомничениот се обидел да присили на обљуба 72-годишна жена. Тој влегол во нејзиниот дом, покривајќи го лицето со маица, по што се обидел да ја изврши обљубата - објаснуваат од ОЈО.
Надлежниот јавен обвинител му предложи на судијата на претходна постапка да определи мерка притвор за осомниченото лице. Но, судот, ценејќи ги сите околности, не го прифати предлогот и за осомничениот определи мерка куќен притвор за време на која тој не смее да го напушта домот и да комуницира со оштетената.
