КУЌА НА ХАЛКИДИКИ ОД 90 КВАДРАТИ ПОЕФТИНА ОД СТАН ВО СКОПЈЕ: На 20 метри од морето, фантастичен поглед од тераса! Еве како изгледа и колку чини!
Куќа од 90 квадрати во близина на Солун се продава за 200.000 евра или 2.200 евра за метар квадратен, што е поевтино отколку во многу делови на Скопје, каде за метар квадратен се бара и три па и повеќе илјади евра.
Агенција за недвижности објави оглас за продажба на мезонета на Халкидики, најпопуларниот дел од Грција кај нашите туристи.
Станува збор за куќа од 90 квадрати, подготвена веднаш за вселување, која се продава по цена од 200.000 евра или 2.200 евра за квадрат.
- Се продава мезонет од 90 квадрати во најдобриот комплекс. Местото е Созопол и е првиот ред до морето! Мезонетата е на три нивоа и се состои од три спални соби, дневна со кујна и две бањи. Има две тераси, од кои главната нуди фантастичен поглед на море и се наоѓа на само 20 метри од морето. Се наоѓа на одлична локација, во центарот на Созопол. Опкружен е со кафулиња, барови, барови на плажа, супермаркети, продавници и таверни, заедно со неверојатно убави пејзажи и природа. Мезонетата се продава комплетно наместен со сите електрични апарати. Има и паркинг простор - се наведува во огласот.
Созополи е скапоцен камен на Солунскиот залив. Оваа идилична дестинација во Грција, која се наоѓа на само 50 километри од живиот Солун, нуди спектакуларен спој на топли плажи, локална култура и природна убавина. Созополи е идеален за семејства кои бараат мирен одмор, но и за парови кои бараат романтично бегство. Нејзината главна плажа, со златен песок и кристално чиста вода, е совршена за сончање, капење и незаборавни моменти покрај морето. Откријте го Созопол – место каде секој летен одмор станува незаборавна приказна.
Познат е и како „Мирниот град“ и е место со богата историја која се протега уште од античките времиња. Неговото минато е богато со културни влијанија, од античките Грци, преку Римјаните, до Византијците.
