Куќа изгоре во пожар во скопската населба Козле
Пожар избувна ноќеска околу десет минути до два часот на улицата „Јуриј Гагарин“ во скопската населба Козле.
Во пожарот е опожарена една куќа и помошна просторија. Според изјави на очевидци кои биле на местото на настанот, пожарот се појавил зад помошната просторија која се наоѓа во близина на куќата.
Во тек е увид на местото на пожарот, а полицијата веќе излезе со информација дека зафатени биле три живеалишта.
- На 23.09.2025 во 01:48 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Јуриј Гагарин“ во Скопје настанал пожар при што биле зафатени три куќи и помошна просторија во сопственост на М.Б.(73), И.С.(41) и М.А.(53), сите од Скопје. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, известија од МВР.
