Економија, финансии, бизнис

Контакт

КУЌА И СТАН ВО ЗАЈАС И КИЧЕВО, ВОЗИЛО И КРЕДИТ - еве со каков имот влегува на престижната функција шеф на Организиран, Ислам Абази

КУЌА И СТАН ВО ЗАЈАС И КИЧЕВО, ВОЗИЛО И КРЕДИТ - еве со каков имот влегува на престижната функција шеф на Организиран, Ислам Абази

Куќа и стан во Кичево и околината, моторно возило и кредит.

Со толкав имот располага сегашниот јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Гостивар, а иден шеф на Обвинителството за организиран криминал и наследник на Вилма Русковска, Ислам Абази.

Ова го покажува анкетниот лист што тој како јавен обвинител го пополнил во Антикорупциската комисија.

Од имотниот лист на Абази може да се види дека тој располага со куќа во селото Зајас, кичевско од 1998 година, за која е наведено дека е имот на родители, но нема податок како е стекната.

Куќата има 210 метри квадратни и за неа е наведено дека чини 3 милиони денари или близу 49 илјади евра.

Потоа, Абази располага со стан во Кичево од 1985 година, за кој исто така е наведено дека е имот на родители и нема податок како е стекнат. Станот, кко што стои во анкетниот лист, вреди 1,8 милиони денари или околу 30 илјади евра.

Од личен имот Абази располага со фолсфаген голф на сума од 300 илјади денари или околу 5.000 евра, од 1999 година и е стекнат со договор за купопродажба.

И конечно, Абази има кредит, на сума од 250 илјади денари, кој го зел во 2009 година и го отплаќал 4 години.

Инаку, како што пишуваат медумите, Ислам Абази е актуелен шеф на Вишото јавно обвинителство Гостивар. На вчерашните избори тој освои 66 гласа од другите обвинители. Второпласиран беше заменик-шефот на ОЈО Скопје, Ермон Незири, со 64 гласа.

Вилма Русковска која досега беше на кормилото на ОЈО ГОКК, пак, доби само 14 гласа.

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести