Кукан: Во Брисел и Стразбур со симпатии следиме дека новата Влада сака да презема иницијативи
Словачкиот европратеник Едуард Кукан во разговор со дописникот на МИА од Стразбур, вели дека во ЕП со голем интерес и симпатии се следат активностите на новата Влада, во смисла на иницијативите со кои таа настапува и намерите државата да се ослободи од блокадите и проблемите со Грција и Бугарија.
Во Брисел и Стразбур со симпатии следиме дека новата Влада сака да презема иницијативи. Уште еднаш ќе кажам, тоа е правилно, вели Кукан.
„Јас ги поздравувам новите иницијативи со Бугарија, но јас знам дека тоа многу високо е оценувано. Во тој договор кој треба да се потпише на 2 август има две чувствителни и многу тешки прашања кои не се решени. Прашањето на македонскиот јазик, многу во Бугарија велат дека тој е дијалект на бугарскиот и второто дека е потребно заедно да се празнуваат историски настани. Тоа според мене се многу скокотливи прашања, тоа се нешта за кон не треба само да се има иницијатива, туку и да се следат сопствените интереси на Македонија. Така, јас сакам да почекам да видам каков договор ќе биде потпишан, а потоа само ќе го поздравам или ќе останам воздржан“- изјави Кукан.
Што се однесува до Грција, според европратеникот, кој е добро запознат со случувањата во и околу Македонија вели дека многу македонски влади се обидуваа да имаат инцијативи.
„Но цената која треба да се плати за тие договори не треба да бидат на штета на Македонија. Тоа мене ме загрижува“ - рече Кукан.
Што се однесува до европската агенда, Едуард Кукан очекува соработка меѓу владата и опозицијата.
